Франција го забрани зборот „хаштаг“ во официјалните документи

Од:

По зборовите „Фејсбук“, „Твитер“ и „мејл“, изразот „хаштаг“ (hashtag) е следен што од оваа година нема да се употребува во официјалните француски документи. „Важен збор“ би можел да се преведе изразот „mot-dièse“, кој во Франција треба да го замени англискиот збор „хаштаг“, многу употребуван за означување бројни теми за кои се разговара на социјалната мрежа Твитер.

Забраната за употреба на зборот „хаштаг“ е дел од планот на француската влада за зачувување и осовременување на францускиот јазик, имајќи ја предвид се поголемата употреба на изрази кои доаѓаат од англосаксонски говорни подрачја. Француска комисија за терминологија и неологизми одлучи на овој начин да го зајакне присуството на францускиот јазик на социјалните мрежи.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи не се обврзани да ја усвојат забраната што се однесува на официјалните документи, па повеќето Французи и натаму продолжуваат да го користат изразот „хаштаг“, шегувајќи се на сметка на францускиот двојник.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт