Кај Џафери ќе се договараат деталите за референдумската кампања

Од:

Првата средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата по одморите е најавена за денеска во 10 часот. Според најавите, во фокусот ќе биде референдумот закажан за 30 септември и неговата кампања.

Јавноста очекува одговори дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во кампањата (јавна пропаганда) за референдумот, но и дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот. Од денеска се интензивираат и редовните активности на Парламентот.

Владата денеска на седница се очекува да ја одреди сумата што ќе се одвои за кампања за референдумот врз основа на информациите за средствата што ги имаат на располагање Министерствата и органите на државната управа, што треба да бидат доставени до неа.

Во тек е планирањето на кампањата, се дефинираат деталите за концептот. Дел од институциите веќе доставиле информации за парите што можат да ги одвојат.

Министерството за одбрана веќе објави дека одвоило помалку од 60 милиони денари, средства кои, како што изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, биле насочени кон активност во поддршка во нашите НАТО интеграции, но кои не беа во делот на логистика, ниту потреби на АРМ.

– Она што е јасно е дека практично Владата не сака да биде главниот актер, заради тоа што Собранието е тоа што ја донесе одлуката за референдум и со тоа ќе покажеме дека Владата нема политичка или партиска агенда, туку навистина на ова прашање е сконцентрирана на клучниот интерес на Република Македонија – да не биде изолирана држава, да биде држава со перспективи, да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ, рече министерката за одбрана Шеќеринска на Отворениот ден на АРМ за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски