СДСМ: Наместо да се крие зад снимени видеа, Мицкоски треба да го соопшти ставот за претстојниот референдум

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Наместо да се крие зад однапред снимени видеа во кои изнесува лаги и измислици, Христијан Мицкоски треба да покаже минимум сериозност и јавно да го соопшти својот и ставот на неговата партија за претстојниот референдум.

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да измислат и да излажат се, само за да избегнат да го соопштат ставот за најважното прашање во македонската историја.

Денеска сокриениот Мицкоски во однапред снимено видео без можност од дополнителни новинарски прашања очајно се обиде преку искривени ставови да гиприкрие позитивните трендови во земјоделство коишто ги чувствуваат сите земјоделци.

Податоците јасно укажуваат на добри трендови во земјоделието, особено кај помалите производители. Тоа сокриениот Мицкоски не може да го порекне.

Продажбата кај индивидуалните земјоделци пораснала од 1.227.320 денари во 2017 година на 1.399.665 денари во 2018 година.

Македонското сточарство расте. Продажбата на говедско месо во вториот квартал е порасната од 186 на 441 тон односно зголемена е речиси тројно! Продажбата на млеко пораснала од 439 илјади на 477 илјади литри!

Истовремено, оваа година постигната е рекордна цена на тутунот чијашто просечна цена за реколтата 2017 година, изнесуваше 217,6 денари по килограм а беа зголемени и субвенциите за килограм предаден тутун.

Ниту една лага на Мицкоски нема да го сокрие фактот дека неговата ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во во македонското земјоделство, со години не исплќаше субвенции и постојано манипулираше со земјоделците.

За разлика од таквиот потценувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ вложува силно во земјоделството и воведува нови политики што го развиваат земјоделството и го унапредуваат животниот стандард на земјоделците“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски