СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за задолжувања и финансиско работење

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто 11 години криминално владееше и којашто стана најбогата партија во Европа со имот вреден десетици милиони евра е најмалку повикана да зборува за задолжувања и финансиско работење.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува лажно и неосновано да обвинува. Со денешната аукција нема нето задолжување. Средствата во висина од 6,6 милиони денари обезбедени од денешната аукција, ќе бидат искористени за враќање на претходно доспеани за отплата државни хартии од вредност во идентичен износ од 6,6 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа не може да се помири што со економските успеси на Владата предводена од СДСМ.

Преку одговорното управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии успеаја да го стават јавниот долг под контрола, редодвно да ги сервисираат долговите, да ја намалат фреквенцијата на задолжувања, а задолжувањата да се одвиваат по историски најниски каматни стапка.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на дејствување освен да шири лаги и измислици. Наспроти тоа, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалување на долговите, намалување на невработеноста и раст на платите и странските инвестиции“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?