АКТО фестивалот посветен на темата „Општество во изградба“

Од:

АКТО-фестивалот на современи уметности, кој почнува од четврток, ќе биде посветен на темата „Општество во изградба“ и содржи пет уметнички програми.

Организаторите денеска на прес-конференција најавија дека по подолго време, во рамки на фестивалот, ќе биде активиран возот на релација Битола-Скопје-Битола, кој ќе застанува на сите железнички станици на оваа релација за да ги донесе заинтересираните на фестивалот.

– По 11 години живеење во еден систем кој ги погази демократските вредности во општеството, сметавме дека потребно е повторно и од ново, преку културата да се потсетиме на вредностите на кои треба да се гради општеството, а тоа се солидарност, заедништво… Уметничките дела на најновото издание специјално се продуцирани за фестивалот кој ќе биде отворен со соларна кујна, проект на Никола Узуновски, ќе има акто-расадник и други актвности кои прв пат ќе бидат изведени на фестивалот во Битола, истакна Филип Јовановски, куратор на фестивалот.

АКТО-фестивалот на современи уметности ќе трае до 25 август.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска