Францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан ја поддржува идејата за испраќање на мировни сили на ОН во Мали, изјавувајќи дека Париз ќе учествува во секој ваков план.
Советот за безбедност на ОН ќе почне разгледување за можноста за распоредување сили на ОН во западноафриканската држава.
Дипломати посочуваат дека порано идејата им се гледала неприфатлива, пред неодамнешната интервенција на Франција.
Во средата француските воени сили го презедоа аеродромот на Кидал, последниот град под контрола на екстремистите поврзани со Ал каеда, и планираат брзо да го предадат на обединетите африкански сили, чија задача ќе биде да ги прочистат од екстремисти планинските реони.