Владата на Црна Гора формираше денеска Комисија за сузбивање на сивата економија, а нејзин шеф ќе биде министерот за финансии Радоје Жугиќ.
Портпаролот на Министерството за финансии Марија Раденовиќ изјави дека Комисијата е формирана со цел поефикасна борба против сивата економија.
Според неа, во Комисијата ќе бидат претставници на ресорните државни органи, синдикати, Унијата на работодавачи и Собранието на Црна Гора.
Комисијата е формирана за да се донесат решенија кои ќе унапредат мерки на планот на борба против сивата економија. Првата задача ќе биде подготовка на мерки против работа на црно како и во функција на зголемување на контролата на промет на акцизни стоки и неиздавање сметки, наведе Раденовиќ.