Мицкоски: Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник

Од:

По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат денешниот празник и до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

„Почитуван, Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам празникот Курбан Бајрам.

Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник.

Богатството во Македонија е во различностите на верите, културите и традициите.

Соживот и толеранција се основите работи кои мора и треба да им го оставиме на идните генерации. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок.

Наша заедничка мисија треба да биде градење на просперитет и благосостојба на секој граѓанин кој живее во Република Македонија преку разбирање на неговите чувства и традиции.

Да се стави крај на поделбите, омразата и сегрегацијата, на општество кое што е како со нож поделено, да не се креираат теми кои во својата суштина се непотребни, а создаваат негативни емоции и повреда на нечии чувства. Да се фокусираме на она што е подеднакво важно за секој еден граѓанин без разлика на верата и етничката припадност, а тоа е потребата за подобар живот. Граѓаните се обединети во маката и во потребата за решавање на нивните проблеми.

Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво. Духот на солидарноста кој е симбол на овој празник нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните.

Нека празничните мигови донесат среќа и надеж, но исто така радост, бериќет и успех“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе го добие мандатот, за да формира влада треба во Собрание да помине реорганизацијата на министерствата

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

ВМРО-ДПМНЕ: Доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант – ова е иднината на партијата која на тацна и ја даде државата на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски