Молдавија ја одобри програмата за давање државјанство на странци во замена за инвестиции во економијата

Од:

Владата на Молдавија усвои програма, според која странци ќе стекнуваат државјанство ако инвестираат 350 илјади евра во молдавската економија.

Според соопштението на владата, одобрениот документ ја содржи структурата на програмата, формуларите за апликации, посебните барања, техничките процедури и конкретните рокови за спроведување на програмата. Одлуката на владата е една од мерките за отстранување на продолжената економска криза во поранешната советска република.

Државјанството ќе се обезбедува со неповратни 100 илјади евра и инвестиции од барем 250 илјади евра во некој од стратешките сектори на економијата. Програмата предвидува издавање на пет илјади молдавски пасоши за странци и за нивните семејства.

ЕУ порача дека молдавските власти не смеат да ја користат либерализацијата на визниот режим со ЕУ, за да тргуваат со државјанства.

Би можело да ве интересира

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски