Словенија подготвува нови даноци

Од:

Словенија ќе воведе два нови даноци годинава кои можат да донесат профит од 31 милион евра. Станува збор за даноци на шеќерни безалкохолни пијалоци и на лотариски ливчиња, изјави министерот за финансии Јанез Шуштершич.

Данокот на шеќер и засладувачи кои се додаваат на безалкохолните пијалоци годишно ќе носат профит на државата од 14 милиони евра, а данокот за лотарија околу 17 милиони евра.

Предлогот за новите даноци е се уште на јавна расправа, а се очекува парламентот наскоро да го усвои законот.

Предложениот данок од едно ерво на килограм шеќе ќе значи дека еден литар благ безалкохолен пијалок ќе поскапи за околу десет евра. Данокот ќе се плаќа за секој благ пијалок, без разлика дали е од природен шеќер или засладувач. Исклучок ќе се само безалкохолните пијалоци кои се подготвуваат веднаш од свежо овошје во локалите.

Профитот од 17 милиони евра, Словенија ќе го добие од данок од десет проценти на вредноста на секое продадена лотариско и спортско ливче, од оние кои имаат државна концесија.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски