Со дела од македонски композитори заокружена музичката програма на „Охридско лето“

Од:

Врвните членови на македонската културна сцена и членови на Сојузот на музички уметници на Македонија синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ одржаа целовечерен концерт на домашна музика.
Во црквата „Света Софија“ настапија баритонот Горан Начевски, пијанистите Јасна Аврамовска и Тодор Светиев, како и обоистот Васил Атанасов заедно со Скопскиот дувачки квинтет во кој покрај Атанасов членуваат и флејтистката Марија Јаќимовска, кларинетистот Ристо Ѓоревски, Даниел Апостолов на фагот и Александар Гошев на хорна.

Познатиот обоист Васил Атанасов рече дека заедно со колегите вложиле голем труд за синоќешниот настап, но како што додаде, не жалат затоа што имаше доста публика која уживаше во грандиозните дела на големите композитори Аврамовски, Ортаков и Стојков. Според него, постојат многу македонски дела со кои македонските исполнители се претставуваат себеси и државата низ целиот свет.

-Има многу македонски дела со кои ние уметниците можеме да настапуваме низ светот. Јас секогаш апелирам до композиторите кои се од помлада генерација што следи интернет, повеќе да се посветат на македонските теми. Синоќа публиката имаше можност да слушне дела од постари автори од средната генерација. Тие се фанстастични. Оттука велам дека има добри дела за клавир, виолина но и за другите инструменти. Најдобрите македонски уметници секогаш исполнуваат домашни дела во странство. Тоа е нашата лична карта. Изразувам огромна благодарност до фестивалот „Охридско лето“ бидејќи годинава почна да поканува повеќе македонски уметници, рече обоистот Атанасов.

Меѓу уметниците кои синоќа настапија беше и ќерката на познатиот композитор Ристо Аврамовски, пијанистката Јасна Аврамовска, а во публиката беше и неговата сопруга, Емилија која се присети на деновите кога со композиторот го славеле неговиот роденден заедно со „Охридско лето“ токму на 20.ти август кога се спушта и фестивалската завеса.

-Го славевме роденденот на Ристо заедно со вработените во „Охридско лето“. Остана еден убав спомен од времето кога тој беше претседател на Управниот одбор, но и селектор на фестивалот. Во 1993 година го отворивме фестивалот „Охридско лето“ со музичката драма „Црно писмо“. Неговите дела на фестивалот ги изведуваа многу уметници меѓу кои Запро Запров, се присети Аврамовска.
Концертот се одржа по повод јубилејот од раѓањето на македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав Ортаков и Стојан Стојков.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма