СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ има конфузија, Мицкоски пред граѓаните да соопшти за што е

Од:

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги чита и внимателно ги анализира соопштенијата на СДСМ, тоа е шанса оваа опозициска партија на научи дека кога им се обраќа на граѓаните мора да има јасен и конкретен став, изградени политики, план и визија.

Особено кога станува збор за клучните прашањата за иднината на државата со највисок национален и државен интерес, како што е членството во ЕУ и НАТО и ставот за референдумот за македонската иднина.

Несериозно и неодговорно е да се нема јасен став за овие прашања.

Дополнително, има конфузија во ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски вели дека се консултира, во неговата партија немаат никаква информација за тоа, што вчера јавно беше потврдено од Александар Нацев.

Наместо да се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.

Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.

Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина, сакаат напредок наместо уназадување.

На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар