ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче не му е грижа за здравјето на граѓаните, затоа парите ги троши за милионски тендери

Од:

„Здравството во Република Македонија е во клиничка смрт. СДСМ и Венко Филипче, наместо за интересот на пациентите се грижат за интересот на веледрогериите и распределбата на милионските тендери.

Филипче, според основани сомневања за неполн месец се обиде да протне криминални тендери во износ од 40 милиони евра, на штета на пациентите.

На Филипче не му е грижа за здравјето на граѓаните и затоа парите од Буџетот ги троши на милионски тендери.

Недозволиво е министерството за здравство да молчи и да бега од одговори дали инсулинот за кој има сомневања дека e со кус рок во Република Македонија е донација и дали истиот е поврзан со невладината каде Венко Филипче директорува.

Филипче и СДСМ не смеат да продолжат да си поигруваат со здравството, граѓаните очекуваат одговорност, а не арамилак во водењето на еден од најзначајните ресори во државата.

Здравството не смее да биде жртва на неспособноста и желбата за профит на Филипче и СДСМ.

Квалитетно здравство е право на граѓаните и обврска на власта, СДСМ ако не може тоа да го овозможи и треба да си замине. Граѓаните немаат два животи, за едниот да му го подарат на Филипче и СДСМ“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место