Слободна Далмација: САД помага за создавање Голема Албанија

Од:

САД веќе со години подготвува проект за создавање на голема Албанија, пишува хрватскиот дневен весник Слободна Далмација.

Директорот на Институтот за регионални прогнози и советник на тројца албански премиери, Кочо Данај, вели за весникот дека веќе годинава би требало да биде формирана нова албанска држава што ќе ги обединува сите албански територии.

– Американскиот проект за создавање на голема Албанија, со дипломатски и со воени средства, всушност и се реализира во последните години. Постои историја на американскиот ангажман во регионот, пишува Слободна Далмација.

Како важни фактори за реализирање на овој проект се наведуваат бомбардирањето на Србија и создавањето на големата воена база на Косово, Охридскиот договор во Македонија, како и поддршката на осамостојувањето на Црна Гора и Косово од Србија.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина