Камион прегази жена во Прилеп

Од:

Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удрар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“.

– Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип