Кари: Сакам да останам во Голден Стејт до крајот на кариерата

Од:

Лидерот на шампионот во НБА, Голден Стејт Вориорс – Стеф Кари досега играл само за еден тим и во интервју за ЕСПН изјави дека има желба да остане кај „воините“ до крајот на кариерата.

– Ова е мојот дом и сакам да останам во Голден Стејт. Тука сакам да бидам и тука сакам да останам до крајот на кариерата. Единствената причина да се вратам во родниот град (Шарлот – н.з.) е ако сестра ми се омажи, или треба да гостувам за натпревар таму. Не си одам често и не го чувствувам како мое место, прокоментира Кари.

Ѕвездата на „воините“ откри дека го користи летото за интензивни индивидуални тренинзи, за да биде подготвен на 100 отсто за почетокот на новата сезона во Лигата.

– Тренирам по разновидна програма и во моментот организмот ми реагира доста добро на сѐ. Секој знае колку напор е потребно, за да влезеш во топ форма и во текот на летото е време кога треба да се надградиш и да си уште подобар во новата сезона, заврши бекот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот