СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со хистеричното ширење лажни вести

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако сите изнесени невистини од страна на ВМРО ДПМНЕ беа демантирани од страна на Владата на Република Македонија опозициската партија продолжува со хистеричното ширење лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став за најважното прашање за иднината на државата а од друга страна хистерично шири лажни вести директно или индиректно поврзани со напредокот на Македонија во НАТО.
Граѓаните ширум Македонија се радуваа и излегоа да ја прослават убавата вест, покана за членство на Македонија во НАТО. Само од ВМРО-ДПМНЕ ништо, нема честитки, нема радост за веста којашто е значајна за иднината на Македонија.

Јавноста очекува одговор дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО?

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и отчетно, водејќи сметка за граѓаните.

Владата веднаш објави целосен извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ“ и јавноста ги знае сите детали околу целокупните трошоци, реализирани во законска и транспарентна постапка.

Отеченоста и транспарентноста беа мисловна именка во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Режимот функционираше врз база на „дил ориентед“ зделките, се бараа провизии од милионски суми само за еден пат, рајските шеми и оф шор компании на Белизе служеа за испумпување на парите на граѓаните, никој не знаеше каде завршуваа парите на граѓаните.

Бројните судски постапки коишто се во тек го потврдуваат тоа и од нивната завршница граѓаните ќе ги добијат одговорите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници