Расмусен: Ракетите „Патриот“ се инсталирани за заштита на турскиот народ

Од:

Ракетите „Патриот“ што НАТО ги инсталираше на турска територија имаат за цел заштита на народот кој живее во оваа наша земја-членка, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, во рамки на претставувањето на извештајот за минатата година.

Како што јави дописник на МИА од Брисел, Расмусен потенцираше дека противракетниот штит во Турција, всушност е со цел заштита на оваа земја-членка на НАТО, а не со намера за офанзивно делување.

– Ја штитиме нашата членка и нејзиниот народ, потенцира Расмусен.

Во врска со неговите очекувања од односите со Русија за оваа година, генералниот секретар на Алијансата потенцира дека е направена сеопфатна програма за партнерство во Советот НАТО-Русија и дека во неа има многу нови елементи.

Тој притоа ја спомена и поканата од страна на Алијансата испратена по средбата НАТО-Русија во Лисабон пред три години, каде “најсилната воено-политичка организација на светот”, како што ја нарекува Расмусенс својата организација, испрати порака за партнерство со Москва во сферата на противракетната одбрана.

– Оваа покана е се уште активна и верувам дека едно такво партнерство е во согласност со интересите и на Русија и на НАТО. Затоа, очекувам добри новости во односите со Русија оваа година, истакна Расмусен.

Осврнувајќи се на случувањата во Мали, Расмуслен потенцира дека во оваа африканска земја интервенира само Франција, на која и помагаат „и некои други членки на НАТО, но не и Алијансата“.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата