Косово и Албанија со заедничка кампања – „Купувај албански“

Од:

Стопанската комора на Косово и Комората за трговија и индустрија на Албанија најавија долгорочна заедничка кампања за промоција на домашните производи во двете земји, насловена „Купувај албански“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја соопшти косовската Стопанска комора, по денешната средба во Приштина на претседателите на двете комори, Берат Рукиќи и Николин Јака, на која се разговарало за продлабочување на економската соработка меѓу Косово и Албанија.

Според соопштението, Рукиќи се заложил за јакнење на врските меѓу стопанствениците од двете земји, додека Јака ги нагласил проблемите во економската соработка, за кои рекол дека се „бројни, но не се нерешливи“.

Според Јака, приоритет на стопанските субјекти на двете земји треба да биде регионалната економска интеграција. Тој, како што се наведува во соопштението, најавил дека наскоро ќе се создаде заедничка платформа за решавање на процедурите со кои се соочуваат бизнисите.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово