ЗНМ на средби со дипломати изрази загриженост од измените на Изборниот законик

Од:

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани и претседателот на ЗНМ Драган Секуловски вчера и денеска имаа одвоени средби со дипломати акредитирани во Скопје, на која изразија загриженост за последните измени на Изборниот законик за легализација на политичката пропаганда во медиумите со јавни пари и индиректна регулација на онлајн-медиумите, кои ќе имаат негативен ефект врз слободата на медиумите.

Селмани и Секуловски се сретнаа со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Лукаш Холуб, како и со политичкиот советник во Американската амбасада Пол Граден.

– Селмани на соговорниците им објасни дека владата и опозицијата сакаат со јавни пари да водат политичка пропаганда во медиумите за време на изборна кампања и со тоа да го вратат стариот коруптивен систем меѓу политиката и сопствениците на медиумите од времето на режимот на Груевски. Тој смета дека парите што медиумите ќе ги добиваат од партиите за објавување политичка пропаганда ќе ги направи медиумите финансиски зависни, а тоа ќе влијае врз нивната уредувачка политика, наведува ЗНМ.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија ги повика дипломатите да се заложат кај владата по референдумот да се повлече можноста јавни пари да се користат за политичка пропаганда и да се отстрани можноста Државната изборна комисија да ги регистрира и казнува онлајн-медиумите за време на изборна кампања или референдуми.

Претставниците на ЗНМ со дипломатите разговараа и за неефикасноста на обвинителството и судот за брзо и ефикасно процесуирање на нападите врз новинарите. Тие сметаат и дека јавните повици на високи претставници на власта до раководството на Македонската радиотелевизија да поднесе оставка е контрапродуктивно и не придонесува за реформа на јавниот сервис.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје