Полицијата приведе сопственик на локал од Жеровјане и девет танчерки

Од:

При акциска контрола на полицијата ноќеска во угостителски објект во Жеровјане биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив три биле српски државјанки и една од Република Бугарија. Заедно со сопственикот на објектот тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

МВР соопшти дека во периодот од 23:00 часот на 15 август до 00:40 часот на 16 август, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на А.А.(28) од село Боговиње.

За време на контролата во објектот биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив четири биле странски државјанки, три од Република Србија и една од Република Бугарија, и пет македонски државјанки. Забавувачките заедно со сопственикот на објектот биле приведени од полицијата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он