Во чекор со светските трендови и во согласност со потребите на нашиот пазар, Сеавус Едукативниот и Развоен Центар постојано работи кон проширување и развој на своите академии, а оваа година ја прошири својата програма со отворање на Академијата за сајбер безбедност која се фокусира на креирање на специјалисти за заштита, откривање и митигирање на закани во полето на информациски технологии.
По тој повод, на 22 август во просториите на едукативниот центар ќе се одржи „Challenge Day“ – натпревар за доделување на една целосна и две полу-стипендии.
Натпреварот, кој по својата содржина е доста уникатен, се состои од практичен тест за примена на техники за откривање на vulnerabilities или тн. “слаби точки” на еден систем. Кандидатите на располагање ќе имаат една виртуелна машина (Kali Linux) до која ќе имаат целосен пристап и од која ќе ги бараат слабите точки на друга, виртуелна машина. За учество на натпреварот кандидатите за стипендија потребно е да имаат минимално познавање на Linux оперативниот систем, Kali Linux и најкористените алатки (nmap, msfcosnole, итн.).
Аплицирањето е отворено до 20 август.
Повеќе за настанот и натпреварот:
https://www.facebook.com/events/673078139694353/
Повеќе за Академијата, програмата и можни работни позиции погледнете на линкот:
http://www.sedc.mk/academy/academy-for-computer-networks/security-specialist/
Линк за аплицирање: