Детската игра и креативност повторно го „обоија“ Капиштец

Од:

Детската игра и креативност донесоа уште една возбудливо и интересно попладне во паркот Капиштец. Слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и оваа среда поттикна голем број родители и деца да дојдат на заедничко дружење во маало. Овој пат децата имаа можност да научат нешто за игрите кои во минатото беа заштитен знак на скопските маала.

Играа плочка и криенка, вртеа хулахоп, скокаа на јаже. Во рамките на настанот се одржа и ликовна работилница. Вештите детски раце создадоа повеќе од сто цртежи кои барем на неколку часа го претворија паркот Капиштец во изложбена галерија на отворено.

„Мислам дека оваа иницијатива на општина Центар е одлична. Моите деца со нетрпение ја чекаат секоја среда и се радуваат на можноста да се дружат со своите врсници надвор од домот. Настанот денеска ме потсети на времето кога јас бев дете и кога летните вечери беа резервирани за плочка, ластик, граница, народна. Сите заедно треба да се погрижиме овие игри да им ги пренесеме на нашите деца за да не бидат заборавени“ – вели Александра, која со своите деца е редовен посетител на работилниците во паркот Капиштец.

Основна цел на проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“, кој е поддржан од локалната самоуправа, е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор од своите домови на заедничко дружење и игра.

До сега се одржаа повеќе ликовни, музички и театарски работилници. На секоја од нив присуствуваат по повеќе од 200 деца со нивните родители. За наредната среда е закажано ново дружење во паркот Капиштец, кога ќе се одржат драмска и музичка работилница.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории