Двајца турски државјани со пасоши барани од Интерпол приведени на ГП Богородица

Од:

Двајца турски државјани У.А. (28) и Г.Р. (25) биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка откако половина час по полноќ на Граничниот премин „Богородица“ при пасошка контрола било констатирано дека поседуваат пасоши кои биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.

МВР информира дека тие патувале со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од Република Македонија. При претрес на нивниот багаж биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он