Жена прегазена од трактор во Требеништа

Од:

Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа – Ливоишта.

МВР соопшти дека В.М. се превезувала на трактор што го управувала Р.Ј.(67) од Требеништа, со живеалиште во САД. Р.Ј. во еден момент изгубила контрола врз тракторот и тој почнал да се движи наназад, по што В.М. паднала и со задното тркало тракторот поминал преку неа.

В.М. со тешки телесни повреди била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски