А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Меѓаши: Децата се најнезаштитени дома и во училиште

by А1он31/01/2013 - 13:2731/01/2013 - 13:38221
Share0

Децата се најнезаштитени во домот,  училиштето и во другите институции кои се надлежни да овозможат непречено остварување на нивните права, односно од онаму каде што  треба да бидат најзаштитени, е заклучокот од работата на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 и на Бесплатната правна служба за 2012 година.

Добивај вести на вибер

Според извештајот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, на СОС телефонот за деца и млади лани регистрирани се 397 контакти, со кои, како што информира на денешната прес-конференција директорот Драги Змијанац, дополнително комуницирале 959 пати.

– Дополнителната комуникација е со цел да ги информираме дојавувачите какви мерки се преземени од наша страна, кои се одговорите од надлежните институции, како и нивните известувања до нас за сите настанати промени по пријавениот случај, рече Змијанац.

Од регистрираните само 27 деца имале храброст да пријават насилство или прекршување на некое нивно право.

– Врз основа на информациите кои ги имаме добиено за можни прекршување на детските права и кои се структурирани според бројот на деца кои се опфатени во овие случаи, станува збор за 587 деца каде што постојат сомневања за можно прекршување на некое нивно право, посочи директорот на „Меѓаши“, Змијанац.

Во пријавените случаи во Детската амбасада „Меѓаши“ за можни прекршувања на детските права, најмногу застапени се деца од сиромашни семејства кои живеат на работ на егзистенцијата, во субстандардни услови – 111, а за семејно насилство регистрирани се 106 деца кои биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство.

– Педесет и седум деца се соочиле со институционална неефикасност, проблем во утврдување на надлежност и одговорност меѓу државните институции, ненавремено реагирање, непочитување на детското мислење во постапки кои се од значење за децата, дополнителна виктимизација и стигматизација на деца кои веќе биле жртви, кај 33 деца постои сомнеж дека биле незаштитени и изложени на насилство во своето училиште, рече Змијанац.

Според него, кај 18 деца постои сомнеж или биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето жртва.

decamegasi

Би можело да ве интересира

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски14/05/2025 - 12:30

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Горан Наумовски24/03/2025 - 21:25

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Горан Наумовски06/12/2024 - 11:06

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски07/11/2024 - 15:5607/11/2024 - 16:17

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски17/10/2024 - 10:1317/10/2024 - 12:22

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Анита Петровска Рајковиќ30/05/2024 - 12:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен