Жена во Сомалија, која вели дека била силувана од безбедносните сили, е тужена од Владата, вели група за човекови права во Сомалија. Групата додаде дека и новинар кој се обидел да и помогне е исто така тужен.
Набљудувачите за човекови права велат дека обвинети се и други тројца за несоработка во истрагата. Групата бара од Владата на Сомалија да ги тргнат обвинувањата кои, според нив, се од политички мотив.
Силувањето во Могадишу е често, бидејќи жените живеат во незаштитени кампови. Трупите на Владата се чешто обвинети.