Зошто редовно се калкулира и не се објавува навремено тендер за набавка на инсулин?

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, се уште не изнајде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По неговото доаѓање на чело на министерството, беа извршени две вонредни набавки на инсулин, првата во декември 2017, а потоа и во јуни оваа година.

Од Министерството за здравство вчера, по објавата на А1он за недостиг од инсулин, соопштија дека уште денеска ќе биде распишан тендерот за набавка на лекот. Но, сепак, останува отворено прашањето зошто министерот за здравство цели пет месеци распишува тендер и покрај сознанијата дека има недостиг на инсулин. Уште во март годинава од ресорното Министерство најавуваа дека се прават последните подготовки и анализа за потребните количини на инсулини, но тендерот не беше пуштен.

А1он се обиде да стапи во контакт со министерот Филипче, но тој не одговори на нашите повици за разлика од вчера кога вети дека денеска ќе даде одговор на нашите прашања.

Националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски за А1он рече дека тендерот е за набавка на инсулин е изготвен, но нема информација зошто се чека да се објави, по што не препрати да се обратиме до кабинетот на министерот Филипче.

Оттаму ни потврдија дека тендерот ќе биде објавен во текот на денот односно дека се чека на министерот да се врати од владината седница за да го потпише. На прашањето зошто толку долго се чекаше за објавување на тендерот, од кабинетот на ресорниот министер образложија дека причината за задоцнувањето е тоа што било потребно подолго време бидејќи се собирале детални информации за бројот на пациенти, се вршеле проценки, точна анализа и проверка на потребната количина се со цел да не се дојде до ситуација да има потреба од интервентен увоз.

Претходниот редовен тендер беше распишан во 2016 година од страна на ексминситерот за здравство Никола Тодоров кој се најде на мета на целата јавност поради критериумите кои беа поставени на тендерот. Дијабетичарите се жалат дека добиваат неквалитетен инсулин кој не ги задоволува ИСО стандардите, а исто така има жалби и за квалитетот на глукометрите со кои се мери висината на шеќерот во крвта.

Претседателката на Здружението на лица со дијабетес, „Алегрија“, Рената Јакимовиќ вчера за А1он истакна дека дијабетичарите се принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи не може да го најдат во аптеките. Ресорното министерство по оваа изјава испрати реакција во која се вели дека на повидок нема никаква инсулинска криза односно дека има доволно инсулин во инсулинските аптеки и покрај сведочењата на лицата со дијабетес дека во аптеките каде го набавуваат лекот нема доволно инсулин.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска