ВИДЕО: Министрите сè уште немаат материјали за разрешувањето на Лазе Велковски

Од:

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо Николовски вели дека не добиле материјали.

„До овој момент немаме материјали за разрешување на Лазе Велковски, очекувам во текот на седницата да се поделат. Точките за европски интеграции беа во фокусот на вниманието во првиот дел од седницата“, вели Николовски.

Премиерот Зоран Заев најави дека денес ќе го прифати предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, кој го поднел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Премиерот вели дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски. Тој нагласи дека за една година и два месеца, колку што постои оваа Влада, биле разрешени повеќе од 20 луѓе и дека кој и да згреши, треба да одговара.

МВР извести дека директорот Велковски на Илинден, без решение, со службен џип и обезбедување, ја испратил ќерка си во Грција оти тој бил зафатен со прославата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи