Каковски потпиша нов тригодишен договор за Еурофарм Работник

Од:

Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година.

– Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш. Обострано беше задоволството за продолжувањето на соработката, а со овој потег клубот покажа дека верува во талентираните млади ракометари, соопшти Еурофарм.

Претходно Еурофарм Работник доведе четири нови ракометари, тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и ги продолжи договорите со некои од клучните ракометари.

Првиот официјален натпревар во подготвителниот период, Еурофарм Работник ќе го одигра в среда во рамките на Струшкиот турнир и ќе се сретне со словенечкиот Целје.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ