Властите на канадската провинција Британска Колумбија наредија евакуција на речиси 7.000 семејства, поради ширењето на шумските пожари што со денови беснеат во тој дел на западна Канада.
Како што јави телевиизјата Си-Би-Си, во Британска Колумбија денеска се активни речиси 600 шумски пожари, од кои околу 150 избувнаа во текот на изминатиот викенд.
Најголем дел од пожарите, кои досега уништија над 3.000 хектари површина и околу 30 станбени објекти, избувнале како последица на удари на громови за време на летните бури.
Во гасенњето на пожарите се вклучени над 2.800 пожарникари од неколку канадски провинции, како и нивни колеги од Австралија, Мексико и Нов Зеланд.