ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е претворена во приватна сопственост на картелот на власт

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев.

„Република Македонија со Зоран Заев на власт е претворена во приватна сопственост на картелот на власт. Државата е ставена во функција на функционерите на власта и нивните фирми, кои од Буџетот ги исцицуваат парите на граѓаните.

Државата не може да тргне ниту милиметар кон ЕУ и НАТО, се додека Република Македонија е најспомнувана држава во светот по криминал и корупција. Нема еден светски медиум кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ се на власт.

Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед. Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата. Ниту еден обид нема да ја промени реалноста дека договорот е штетен за Република Македонија и нејзините граѓани.

Заев прифати промена на името за севкупна употреба, промена на јазикот, идентитетот, кодовите и уште голем број други отстапки, кои се на директна штета на Република Македонија.
Заев создава држава базирана на поделби и на криминал. Криминалот царува на секаде, од улиците до државната управа и самата влада. Криминалот е првото име на оваа влада.

Република Македонија може да тргне напред, само кога криминалот ќе биде победен. СДСМ нема капацитет да ја води државата и мора да си замине, во интерес на државата и граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место