Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска преку својот фејсбук профил порача дека Охридскиот рамковен договор претставува најголема гаранција за правата на Албанците и на стабилноста во регионот.

– Охридскиот договор, кој се потпиша пред 17 години, стави крај на вооружениот конфликт и создаде перспектива за мир, стабилност и меѓуетнички соживот во Македонија. И по 17 години тој останува најголема гаранција за правата на Албанците и стабилноста на Западен Балкан, напиша Тачи на Фејсбук по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Според косовскиот претседател, како што јави дописникот на МИА од Приштина, целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и Договорот за името со Грција, „конечно го отворија патот за зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија“.

– Косово останува постојан партнер на Македонија и на почитувањето на правата на албанското население, наведе Тачи.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јовановска-Стојановска: Раните од војната ќе зараснат ако некој не долева сол

Ана Ололовска