Успехот не паѓа од небо, тоа е резултат на работа и соработка, вели пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Јовановска-Стојановска. Според неа, Владата не може да овозможи подобар живот па се занимава со популизам кој штети на националните интереси.
„Војната донесе рани кои ќе зараснат ако некој не долева сол“, рече таа на прославата по повод 17 години од Охридскиот рамковен договор.
Македонија има поголеми приоритети, според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ а тоа се корупцијата, проблемите, ниските примања.
„Договорите како рамковниот договор ни требаат. Тоа е просперитет. Една е целта, тоа се среќни граѓани“, вели пратеничката.
Како претставник од редовите на опозицијата, таа тврди дека нема иднина без минатото и треба да се знае дека граѓаните ќе одлучуваат за својта иднина и никој друг.
Кристијан Ландов