Изложба на плакати од Родченко во Музејот на современа уметност

Од:

Здружението на графички дизајнери на Македонија „Плакарт“ во соработка со Музејот на современа уметност вечер ќе отвори изложба на плакати на Александар Миколајевич Родченко, таткото на  конструктивизмот, како и дела на 20 современи руски графички дизајнери инспирирани од неговото творештво.

Ќе бидат презентирани репродукции на значајни дела на Родченко, кои како поставка првпат ќе бидат покажани на овие простори. Меѓу 20-те руски графички дизајнери, чии плакати се омаж на опусот на Родченко, се Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст… Сите се дел од светското одбележување на 120-годишнината од раѓањето на Родченко, што го иницираше руската Академија за графички дизајн и Биеналето за графички дизајн „Златна пчела“. Изложбата во Музејот на современа уметност ќе биде поставена до 15 февруари.

– Александар Родченко е можеби најсестраинот конструктивист и продуктивист кој творел по Октомвриската револуција во Русија. Неговите дела се сведок на времето во кое настанува суштествена промена на процесот на творење, но и на формите на пренесување на уметничката порака. Тој поставува стандарди на една нова култура и уметничка ангажираност, го трасира патот на поинаква од дотогашната естетика во сликарството, фотографијата. За едни е творец кој се занимава со експерименти, за други револуционер и уметник кој пожртвувано ги брани своите идеи. Неговиот придонес за развој на графичкиот дизајн е непроценлив, а неговите дела се инспирација за огромен број дизајнери во светот, соопшти Плакарт.

Изложбата во Скопје е по повод пет години постоење на Меѓународниот студентски конкурс за плакат. Изложбата на финалистите од 5. конкурс, кој беше на тема „Money for free“, Плакарт ја организираше во декември. Покрај неа, здружението организираше и предавање и изложба на дела од српскиот дизајнер Славимир Стојановиќ и предавање на Серж Серов, претседател на Светското графичко биенале „Златна пчела“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска