СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за клучните прашања од врвен национален интерес

Од:

Освен што се посветени на барањето амнестија за криминалот на нивната партија и поранешното раководство, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став за клучните прашања од врвен национален интерес за граѓаните и за Македонија, велат од СДСМ во нивното соопштение.

„Сега, кога Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, за членство во НАТО и ЕУ со зајакнат македонски идентитет, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се“ се вели во соопштението.

Според СДСМ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат за што се, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал и изолација.

„СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт