(ВИДЕО) Арсовски: Со молчењето и заканите, Шекеринска, Шапуриќ и Царовска ја признаваат вината за скандалот

Од:

Деновиве гледаме молк од Шекеринска, нервоза од Шапуриќ и молк од „Мултикултурa“ невладината од Тетово, рече на денешната прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде дека медиумите објавиле дека покрај 400 000 денари кои ги доделила Радмила Шекеринска на невладината на Зоран Шапуриќ, и Мила Царовска на невладината на својот колега Шапуриќ доделила грант во вредност од стотици илјади денари.

„Замислете порано се стимулираа фирми за да отвораат нови работни места, а сега се стимулираат невладините организации на министрите на СДСМ. Лицемерно, долно и ниско. Граѓаните трпат за леб, а министрите на СДСМ си ги делите парите на граѓаните“, рече портпаролот на опозициската партија.

Притоа тој јавно запраша дали и колку пари е доделено од Министерството за труд и социјала на невладината организација од Тетово „Мултикултура“ од која што дел е и министерот Зоран Шапуриќ и дали институциите ќе и се извинат на јавноста и ќе ги повлечат грантовите кои, како што рече, ги доделиле на Шапуриќ?

„Никој не ви се плаши и никого нема да исплашите и немој ни случајно да помислите дека со закани за тужби некого ќе замолчите да говори за вашиот очигледен неетички, неморален и недомаќински чин. Граѓаните не можете да ги исплашите и замолчите да бидат револтирани од вашите скандали, бидејќи тие пари кои си ги префрлате меѓу вас се пари на граѓаните. Но, очигледно е дека штом дел од вас молчите, а дел од вас инволвираните во скандалите се заканувате, Вие ја признавате вината за овој скандал“, истакна Арсовски.

Тој додаде и дека Јавното обвинителство се уште е на потег и се уште може да ги сотре овие можни коруптивни скандали.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата