Ленард конечно се огласи по трансферот во Торонто

Од:

Три недели откако беше префрлен во Торонто, Каваи Ленард пушти специјално соопштение во кое тој им се заблагодари на Сан Антонио и на тренерот Грег Поповиќ.

Крилото одигра само девет натпревари за „Спарси“ минатата кампања и откако влезе во конфликт со тимот побара да го напушти, откако беше разменет заедно со Дани Грин, за ДеМар ДеРозан и Јакоб Полтел.

– Сан Антонио, во последниве недели размислував внимателно што да кажам и на крајот сé се сведува на два едноставни збора – ВИ БЛАГОДАРАМ! Благодарен сум на секој од моите соиграчи. Поп, јас секогаш ќе бидам благодарен за мојот развој под твое водство. Благодарен сум и на навивачите кои се најстрасните и најпосветените. Јас секогаш ќе се сеќавам на градот и на луѓето од Сан Антонио, пишува Ленард.

Постои веројатност двократниот најдобар дефанзивец во Лигата да стане слободен агент догодина и да премине во Л.А. Лејкерс, но сепак не треба да се заборава примерот со Пол Џорџ, за кого се сметаше дека ќе го стори истото, а на крајот продолжи со Оклахома Сити.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот