Од оваа година повеќе деца во градинките во Центар

Од:

Советот на општина Центар вчера ја одржа 16-тата седница. Помеѓу останатите точки, советниците ја усвоија и согласноста за зголемување на капацитетот за прием на деца во општинските градинки.

„Од оваа година, градинките „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, со своите клонови, ќе го зголемат процентот на примени деца.

На седницата советниците ги усвоија и предлог извештаите за работа на седумте основни училишта, како и извештаите за програмта за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците.

Седницата советниците ја прекинаа на 18-тата точка и продолжението на истата го закажаа за крајот на август, кога и ќе се донесуваат одлуките за изменување и дополнување на БЛОК 9 и БЛОК 24 од ДУП-от Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски