СДСМ: Платите во армијата се зголемија за прв пат во последните неколку години, се набавуваат и нови униформи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Војниците беа 11 години заборавени од ВМРО-ДПМНЕ, која заглавена во криминал мислеше само како да ги наполни џебовите на фамилијата.

По промената на власта, платите во Армијата се зголемија за прв пат во последните неколку години, се води грижа за животниот стандард на АРМ, се набавуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија.

Македонија го смени курсот, од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ.

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции, полни со невистини и одбива да се изјасни за иднината на земјата.
И Министерството за одбрана и Министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантираа лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.

Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за македонската иднина која носи членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет или останува заглавена во изолација“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт