Се поставува вертикална сообраќајна сигнализација во Неготино

Од:

Се поставува вертикална сообраќајна сигнализација во Неготино. Портпаролот на локалната самоуправа, Методи Митрев денеска информираше дека активностите се врз основа на годишната програма за работа на одделението за комунални работи и сообраќај при општината.

– На неколку локации во градот се започна со замена и поставување на нова вертикална сигнализација, а по завршувањето на оваа активност ќе следува поставување и на хоризонтална сигнализација. Во моментов поставувањето на вертикална сигнализација се одвива во централното градско подрачје со опфаќање на улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Ацо Аџи Илов“, „Ставре Ставрев“, „Пекарев“, „Јане Сандански“, „Борис Кидрич“ и други, соопшти Митрев.

Се очекува оваа активност да заврши за десетина дена, по што ќе се започне и со поставување на хоризонтална сигнализација. Митрев апелираше до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење додека се одвиваат овие активности, за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко