Десет лица полесно повредени, а едно потешко во 14 сообраќајки во Скопје

Од:

Десет лица се полесно повредени, а едно се здобило со тешки телесни повреди во 14 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Од сообраќајките шест биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 24 возачи за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 23 возачи од сообраќај, од кои 19 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, едно лице било под дејство на алкохол, а тројца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 14 нерегистрирани возила.

Изречени се 97 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 59 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози