(ВИДЕО) Левица: Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдумот

Од:

Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум, со која бараат нејзино поништување. Оттаму сметаат дека има повеќе причини поради кои треба да сопрат активностите за организирање и спроведување на референдумот. Очекуваат уставните судии да ја разгледаат нивната иницијатива веднаш по летните одмор, а пред 30 септември, датумот на кој е закажан референдумот.

– Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот да се произнесе. Во случај да не се произнесе можно е постфестум да ги поништи резултатите – рече Димитар Апасиев од Левица.

Како што велат од Левица, ја побиваат одлуката бидејќи по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Една од причиите е што референдумот е консултативен.

– Членот 120 предвидува облигаторен и задолжителен референдум – рече Апасиев, посочувајќи дека според нивното истражување Република Македонија воопшто нема донесено одлука за членство во ЕУ.

Според Апасиев прашањето е „стапица“ за гласачите, и тоа според него треба да биде формулирано така што ќе го содржи новото име на државата, предвидено со Договорот со Грција. Според податоците на Левица, само 14 % граѓани го поддржуваат Договорот од Преспа. Тие најавија бојкот на референдумот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола