Дачиќ: Нема да има границa меѓу Србија и Косово

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска дека никој не сака да воспостави граница меѓу Србија и Косово, туку да се најде практично решение врз основа на Резолуцијата на Собранието на Србија, јави Танјуг.

– Никој не сака да воспоставува каква било граница, туку да се најде практично решение врз основа на платформата и резолуцијата усвоена во Собранието на Србија. Не гледам друго решение. Ако некој знае некое поефикасно решение, нека го предложи, рече Дачиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Кипар Димитрис Христофиас, кој е во посета на Белград.

Тој, коментирајќи го денешниот митинг на северот на Косово, каде Србите повикаа да се отфрлат сите договори постигнати во дијалогот Белград и Приштина и да се прекинат преговорите, истакна дека „Собранието на Србија усвоило резолуција во која јасно стои дека Србија ќе ги почитува сите досега постигнати договори од дијалогот и оти дијалогот мора да продолжи како и тоа дека не постои друг начин за решение на проблемот“.

Дачиќ им порача на Србите од северот на Косово дека дијалогот е единствен начин да се решат проблемите во Косово.

На митингот во северниот дел на Косовска Митровица, чии организатори се претставници на локалната самоуправа на северот на Косово, прочитана е Декларација со која се отфрлуваат сите постигнати договори во дијалогот Белград-Приштина со посредство на ЕУ и се бара прекин на натамошните преговори и практиката да се прифаќаат, како што сметаат, наметнати и штетни договори.

Во Декларацијата од Уставниот суд се бата без одложување да се донесе одлука за уставноста и законитоста на договорите од Брисел, како и уредба на Владата за нивна примена.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор