Девет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Од:

Девет лица се полесно повредени во 18 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките десет биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 16 возачи од сообраќај, од кои 11 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, тројца биле под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Изречени се 129 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 54 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози