Врховниот суд на Бразил ја поништи забраната влез на венецуелски мигранти во земјата

Од:

Бразилскиот Врховен суд ја поништи судската одлука со која се забранува влез на венецуелски мигранти во земјата од копнената граница на север.

– Нема причина, под изговор дека има тешкотии со сместувањето на бегалци, да го избереме најлесно решение и да ги затвориме вратите, прецизира вроховниот судија Роза Вебер во образложението.

Претходно, бразилски судија забрани влез на венецуелски мигранти во земјата преку граничниот премин на северната бразилска држава Рорајма.

Одлуката на судијата Елдер Жирао Барето се однесува само на Венецуелците и не ги засега другите националности, прецизираше портпаролот на локалните судски власти. Судијата ја донесе одлуката откако десетици илјади Венецуелците влегоа во Рорајма во последните неколку месеци, барајќи спас од економската и политичката криза во нивната земја. Многумина од нив се исклучително сиромашни и спијат по улиците или во хостели.

Според судијата, границата ќе остане затворена се додека властите во државата Рорајма создадат хуманитарни услови за прифаќање на мигрантите и за нивно селење во други делови на Бразил.

Вчера, границата остана отворена во очекување на жалба од страна на државниот народен правобранител.

Гувернерот на Рорајма Суели Кампоснеколкупати се спротивставуваше на присуството на мигранти, велејќи дека тие ги донеле социјалните служби на работ на колапс.

Стотици илјади Венецуелци ја напуштија својата земја и спас од сиромаштијата се обидоа да најдат во Колумбија, Бразил, Перу, Чиле и други земји во регионот, потсетува ДПА.

Во првото тримесечје од 2018 година, дозвола за престој во Бразил побарале 56 170 Венецуелците, од кои 35 540 поднеле и молби за бегалски статус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск