ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во очај штом ја злоупотребува трагедијата со која пред две години се соочија жителите на Гази Баба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на на изјавата на Александар Димитријевиќ.

„СДСМ е во очај штом одлучи некрофилски да ја злоупотребува трагедијата со која што пред две години се соочија жителите на Општина Гази Баба. Повеќе од очигледно е дека Зоран Заев нема одговор за ниеден скандал или афера во која што се навлезени членовите на криминалниот картел, штом дал насока политички да манипулираат со загубените човечки животи.

СДСМ немилите настани како што се поплавите во општина Гази Баба од пред две години најбрутално ги злоупотребува за да го покрие капитулантскиот договор, потценувајќи ја јавноста.

СДСМ се уште се однесува како да е опозиција и заборава дека скоро година и пол се на власт.

ВМРО-ДПМНЕ за време на овој немил настан максимално ги ангажираше сите расположливи ресурси и механизација за нормализирање на состојбата и надминување на последиците од катастрофалното невреме во погодениот регион.

Во оваа година и пол на власт СДСМ нема асфалтирано ниту една улица. За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ направи фекална канализација во Стајковци и Ченто и колектор до Вардар, а асфалтираше и 106 улици. Благодарение на одлуката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и финансиските средства што беа обезбедени се направи комплетна реконструкција на улиците, водоводната и фекалната мрежа, училиштата и игралиштата.

СДСМ во обид да собере политички поени ја злоупотребува болката и трагедијата на граѓаните и затоа ќе бидат казнети од граѓаните кои знаат и се сеќаваат кој помагаше и кој беше со нив кога им беше најпотребна помошта и поддршката. Каналите на подрачјето на Општина Гази Баба сега се запоставени, неискосени и неисчистени.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Гази Баба ќе поднесе иницијатива до Советот на Општина Гази Баба за подигнување на спомен обележје во чест на настраданите од поплавите во од 6-ти август 2016 година.

Спомен обележјето Советничката Група на ВМРО-ДПМНЕ, предлага да се изгради во населено место Стајковци кое заедно со Ченто беше најпогодено од поплавите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад