Штипски „Исар“ ќе издава дуќани на Градскиот пазар

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе издава под наем седум дуќани на Градскиот пазар, истакна денеска директорот на претпријатието, Живко Тасев.

Заинтересираните можат да конкурираат од денеска, а огласот ќе трае до 20 август. Дуќаните се издаваат на период од четири години.

– Четири дуќани се поголеми со површина од 16,16 м/2 и се со почетна цена од 8.000 денари, а три се помали од 14,45 м/2 и се со почетна цена од 8.200 денари. Аукцијата ќе се одржи на 23 август, а за сите информации околу документите лице за контакт е Соња Китанова, а околу дуќаните информации може да се добијат од Благојчо Зашов и Ирена Илива, рече Тасев.

На Градскиот пазар во Штип има 14 дуќани, кои беа изградени пред две години кога се изврши реконструкцијата на пазарот, а инвестициајта чинеше 110.000 евра.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски