Американскиот производител на автомобили Крајслер регистрираше нето профит од 1,7 милијарди долари во изминатата година додека продажбата во тој период е зголемена за 18 отсто.
Профитот на Крајслер е девет пати повисок во споредба со заработката од 183 милиони долари во 2011 година.
Пред само три години Крајслер беше на раб на банкрот. Преживеа само благодарение на помош од даночни обврзници од 12,5 милијарди долари, јавуваат американски медиуми.
Минатата година Крајслер продале 2,2 милиони возила ширум светот, а вкупните приходи се зголемени за 20 отсто на 65,8 милијарди долари. Тие очекуваат дека нето добивката во оваа година ќе ја надмине цифрата од две милијарди долари.