Катар ќе инвестира една милијарда во Грција

Од:

Премиерот на Катар соопшти дека ќе инвестира милиајрда евра во заедничкиот фонд со Атина, како начин за стимулирање на грчката економија која е погодена од рецесија.

Хамад бин Јасим ал Тани, го обелодени планот за инвестирање во Грција, после вчерашните разговори со грчкиот колега, Андонис Самарас, пренесува Капитал.

Премиерот наведе дека влогот на Катар во заедничкиот фонд ќе биде приближно еднаков со влогот на Грција.

„Сакаме договор за вложување сличен на оној кој беше постигнат со Италија пред неколку месеци, кога беше договорено основање фонд со удел на капитал 50:50, со вкупна вредност од две милијарди евра“, изјави ал Тани.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција